Костовски до Смилевски: Koгa вeќe ништo дoбpo нe нaпpaви зa oпштинa Бутел, нeмoj дa гo yништyвaш и тoa штo гo имaмe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога веќе ништо добро не направи за општина Бутел, немој да го уништуваш и тоа што го имаме. Велимир Смилевски ”Градоначалникот” во обид, или уште попрецизно градоначалникот во заминување, од општина Бутел веројатно сака да направи бучна и бетонска општина слична на онаа каде што тој живее, општина Центар, пишува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски на Фејсбук, обраќајќи се до градоначалникот на општина Бутел.

-Тоа што не живееш во општина Бутел не значи дека до толку треба да им бидеш душман на граѓаните, не значи дека од оваа мирна и општина со маалски живот во спрега со урбаната мафија треба да направиш општина со чирови на секој ќош и драстично да го нарушиш мирниот живот. И така имаш уште неколку месеци како градоначалник во обид, земи реализирај бар еден од проектите кои ги вети за да не бидеш до толку ужасен градоначалник во обид. Стана градоначалник ветувајки: Поликлиника, полициска станица, пожарна, градинки, водоводи, плоштади, паркови, гасификација, спортски центри, но од тоа ништо и за жал ќе ни оставиш само мегаломански високи згради на секој ќош од општина Бутел, додава Костовски.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This