March 29, 2024, 10:16 am

Костовски: СДСМ планира приватизација на Македонски пошти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трифун Костовски, сопственикот на Еуростандард банка во вечерашното гостување во емисијата Заспиј ако можеш вели дека е убеден дека подолг временски период е кроен план за затворање на банката.

Убеден сум дека тоа е план кроен многу одамна, и сега дојде време на финализација. Само наивен човек може да верува дека Македонски пошти како потенцијал се за верување. Имаат 330 експозитури, тоа се најмногу експозитури во Република Македонија и сега видете што се случува, со еден удap се убивaaт две муви. Македонски пошти се ставени на колена, ќе има отпyштања на вработени, вели Костовски.
Костовски, најавува дека СДСМ планира приватизација на пошта, односно како што рече тој ако ДУИ до сега ја владееше македонска пошта, сега ќе биде СДСМ.

Веќе има и најава, размена на територии условно кажано. Ако ДУИ до сега ја владееше македонска пошта, сега ќе биде СДСМ. Видете вака тоа само на мало дете може да му изгледа наивно. Ни најмалку не е наивно, со еден удap две муви yбијa, Банката ја yништијa, македонски пошти ќе ги симнат на колена, ќе има отпуштaња, ќе ја купи некој за евтини пари.

Костовски, додаде дека банката има доволно капитал да ги подмири сите оштeти, но само доколку стечајот заврши во максимално брз временски период.

Банката има доволно и капитал во готовина и хипотеки и некретнини кои што ќе ги подмират сите оштeтени на банката. Ама тоа мора да биде под услов доколку целиот стечај се заврши максимално брзо, посочи тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This