Котлар: Создаваме нова иднина – Центар ќе биде современа општина, со здрава животна средина и развиен културен живот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатката за градоначалник на општина Центар, Наташа Котлар, вечерва на митингот им се заблагодари за своите сограѓани што ја поддржале и за добриот резултат кој го постигнале во првиот круг од локалните избори. Таа рече дека е убедена во победата и во вториот круг бидејќи нејзината кампања има различен настап со која покажале дека граѓаните и нивните потреби се во фокусот на нивното внимание.

– Општина Центар не припаѓа само на своите жители, на центарци, туку е центар на градот Скопје и центар на државата. Нашата визија за Центар е секогаш да биде функционална, модерна и современа општина како што ѝ доликува. Ова го велам затоа што сум сериозна во намерата да ја елиминираме онаа култура која не покажува современо и модерно однесување, ние сериозно мислиме да ги менуваме нештата и во доменот на урбаното градење, во екологијата да воспоставиме принципи, мерила и мерки, за здрава средина и здрав живот, ни треба културен живот кој во нашата програма го имаме и во која се опфатени и пензионерите и младите, рече Котлар.

Котлар им порача на младите, студентите и средношколците дека од нив ќе бара активен ангажман во креирањето на подобра општина Центар.

– Предвидуваме добар дел од најдобрите ученици од средното, основното и студентите да ги стимулираме со стипендии. Во овој момент сакам да кажам и дека посветивме внимание на оние луѓе кои се со определена попреченост или инвалидитет – и за нив имаме сериозна намера да ги вклучиме во работата, односно во активностите на општината, рече таа.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This