Коце Трајановски: “Петре која ви е целта на менување на имињата на улиците???”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, преку објава на социјалната мрежа Фејсбук, коментираше во однос на именувањето на дел од улиците. Според него, Петре Шилегов се одлучи да отвори нова пандорина кутија што создава можност за голема штета на Скопје и на Македонија.

Два дена внимателно читав предлозите за имиња на улици во Скопје. Читам и не можам да се начудам и си викам: Толку ли ги мразат македонците ???Петре која ви е целта на менување на имињата на улиците???

Да, има имиња кои навистина заслужуваат да бидат на списокот, имиња кои ја отсликуваат нашата разноликост но зошто Петре отварате нова пандорина кутија со што создавате можност за многу голема штета на Скопје и на Македонија.

По Преспанскиот Договор и договорот со Бугарија брзате да ја обезличите Македонија. Или можеби брзате заради нестабилната коалиција па да истерате колку можете.Кога Ние ги менувавме имињата на улиците нашата цел беше улиците да добијат имиња на луѓе од различна етничка припадност (од науката, културата, образованието, … ), луѓе кои дале огромен придонес за Македонија а голем дел од ни ги дале и своите животи за Македонија и за Скопје.

Гледајќи ја вашата предлог листа на имиња на улици видов дека има голем број на добри предлози кои заслужуваат улиците да ги добијат нивните имиња, но зачуден сум од големиот број на луѓе кои немаат дадено никаков придонес за Скопје и Македонија, а она што највеќе ме загрижува е тоа што има голем број на луѓе кои работеле против интересите на Македонија.

Петре дали со овие предлози целта ви ја избришете милениумската историја на Македонија и да ја направите коминтерновска или Титова творба.Постојано се повикувавте на трснспарентност а за овој предлог не ги консултиравте граѓаните и стручнста јавност, особено историчарите.

Дали со ова и угодувате на Грција и Бугарија? Веројатно знаете дека кога еднаш ќе почнете да угодувате крајот нема да се види а се тоа на штета на Македонците.

Со ова продолжувате да ја доуништувате Македонија и да ја ставате на столбот на срамот. Да знаете дека нема да ви го дозволиме и ќе ги искористиме сите легални законски норми да ве спречиме во тоа.

Неможе наместо Христо Татарчев да го вратите партизанскиот командант Сава Ковачевич кој не е од Македонија!Неможе наместо Митрополитот Теодосиј Гологанов да го вратите партизанскиот херој Иво Рибар Лола кој исто не е од Македонија!

Неможе наместо Аминта Трети да го ставите Ленин, најголемиот комунистички лидер!Неможе наместо Павел Шатев да ја ставите улица Бихачка од БиХ!

Неможе наместо Борис Сарафов да ја ставите улицата 4 Јули!

Има уште многу примери со кои ќе ги бришете и понижувате хероите кои своите животи ги дале за Македонија.

На крајот ќе ве прашам дали ќе го смените името на улица Македонија и плоштадот Македонија. Тоа би било нешто со кое вашите спонзори ќе доживеат катарза.

За крај да знаете дека ќе бидете казнети од народот на следните избори а следната градска власт ќе ја исправи неправдата.

Постот на Фејсбук може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This