Којзнае како е кај нас: Учењето од далечина е вистински дебaлk, покажаа тестовите во Италија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Учењето од далечина е вистински дебакл, покажа таканаречениот тест Инвалси, кој се спроведува низ цела Италија со цел да се утврди нивото на знаење на учениците, пишува весникот „Ил Фато Котидијано“.

Секоја година, Националниот совет за истражување спроведува тестирање преку компјутер, за ученици од прво до деветто одделение, по предметите италијански, математика и англиски јазик.

Оваа година биле тестирани два милиона и 100 илјади ученици од сите италијански региони.

Од математика, 55 проценти или секој втор испитаник а од италијански јазик, 44 проценти од тестираните, не покажале минимум задоволително знаење.

Околу девет проценти од учениците кои завршуваат основно училиште немаат задоволително знаење, а пред пандемијата тој коефициент бил седум проценти.

„Ова се резултати по двегодишното учење на далечина, а тестот покажува не само неуспех на ваквиот вид на предавање, туку и раст на бројот на ученици кои го напуштаат училиштето, но и социјални нееднаквости. Правиме сè за да ја направиме новата учебна година директна, во училниците. Затоа апелираме до сите да се вакцинираат на време“, рече министерот за образование, Патрицио Бјанки, на прашање да ги коментира резултатите од тестот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This