Кој е Александар Даштевски, новиот претседател ДИК?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Даштевски попладнево едногласно со 95 гласа за беше избран за нов претседател на Државната изборна комисија . Тој е роден на 16 декември 1962 година по занимање е универзитетски професор, правник и политички аналитичар.

Основно образование завршил во ОУ “Крсте Мисирков” во Куманово. Средно образование го завршил во гимназија ”Гоце Делчев” во Куманово. Дипломирал во декември 1988 година на Правниот факултет во Скопје при Универзитетот Св.”Кирил и Методиј” во Скопје, на правосудната насока и се стекнал со степенот и стручен назив Дипломиран правник. Во 1992 година положил правосуден испит.

Во мај 2010 година завршил постипломски студии на УАКС во Скопје на англиски јазик, од областа на Меѓународни односи и дипломатија. По одбраната на постипломскиот труд „Разлики и сличности помеѓу Меѓународното хуманитарно право и Правото на човекови права‘‘ со просечна оценка 9.4 се стекнал со звање Магистер на науки. Докторирал на 13.10.2013 година на Универзитетот “Евро Балкан”, Институт за општествени и хуманитарни истражувања во Скопје, со одбрана на докторската дисертација на тема: ,,Универзализмот на човековите права версус културниот релативизам во земјите на Југоисточна Европа‘‘, со што се стекнал со звањето доктор на политички науки (PhD).

Неговата кариера започнува како адвокат во сопствена адвокатска канцеларија. Во ноември 1998 година тој работи во Владата на Република Македонија како републички советник, извршувајќи ги функциите координатор на одделението за кадровски работи, соработник во одделението за организирање на седници на влада и шеф на кабинет на подпреседателот на владата.

Од 2000 до 2003 година, работи како помошник директор во Царинската управа. Како претставник на управата, станува член на Европската комисија во Стразбур-Лион во групата за борба против транзит на дрога. Во истиот период, тој ја претставува македонската царинска управа во Брисел, но исто така, тој е учесник и во преговорите во Вашингтон за продолжување на договорот за трговија со текстил помеѓу Македонија и САД.

Во 2012 година, станува член на Државна изборна комисија на Република Македонија. Учествува во спроведувањето на парламентарните избори 2006 година, дел од локалните 2007 година и парламентарните избори 2008 година. Неговата функција завршува во јануари 2016 година.

Септември 2016 година, Даштевски е избран за директор на Универзитетот Евро Балкан-Скопје каде ги раководи меѓународните и домашните проекти. Во февруари 2016 година, професор Даштевски е избран за продекан на Факултетот за претприемачки бизнис при УТМС Скопје.

Денес, тој го организира наставниот процес на факултетот и предметен професор по: Општествена одговорност, Деловно планирање и етика, Политички маркетинг и Корпорациска општествена одговорност. Тој беше именуван за претседател на Комисијата за заштита и спречување од дискриминација од страна на Собранието на Република Македонија се до укинувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација со што претстана да постои и комисијата со која то раководеше.

Тој редовно учеству на голем број научни собири, конференции, семинари и советувања од областа на политичките и правни науки во земјата и странство.

Два пати e избран од телото на ЕУ за еднакви можности Equinet во Брисел и тоа првите две години во Комисија за изедначување на постапките на сите тела за еднаквост во Европа, а вторпат во Комисија за изедначување на правото.

Учествува на три годишни конференции на ЕКРИ тело на Советот на Европа против расизам и нетолеранција, а почесен гостин е на конференцијата по повод 25 години ЕКРИ и 75 години Совет на Европа.

Членува во телото на Европската Унија, “European Commission against Racism and Intolerance (ECRI)“ во кластерите за еднакви постапки, како и во кластерите за правна еднаквост и слобода на движење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This