Кој е најбезбедниот град во светот?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Копенхаген е најбезбедниот град во светот, според индексот објавен од Economist Intelligence Unit во Лондон, во кој се рангирани 60 меѓународни дестинации врз основа на дигитална, здравствена, инфраструктурна и лична безбедност, како и заштита на животната средина, што е нова категорија воведена оваа година.

Копенхаген за првпат беше прогласен за најбезбеден град во светот, постигнувајќи 82,4 поени од 100.

„Еден од клучните фактори што го прават Копенхаген толку безбеден град е неговата ниска стапка на криминал, која во моментов е на најниско ниво во повеќе од една деценија“, вели градоначалникот на Копенхаген, Ларс Вајс.

“Копенхаген исто така се карактеризира со голема социјална кохезија и релативно мал јаз во богатството. Тоа е мешан град каде и помошникот за чистење и директорот се среќаваат во локален супермаркет и имаат деца во истото училиште”, додаде тој.

Канадскиот Торонто го зазеде второто место со 82,2 поени, додека Сингапур е трет со 80,7 поени, објави Индексот.

Иако Сиднеј го зазеде четвртото место со 80,1 поени, австралискиот град беше на врвот во категоријата за дигитална безбедност, додека на Токио му беа доделени 80 поени, со што јапонскиот град падна на петтото место.

Холандскиот Амстердам е шести, додека Новозеландскиот Велингтон го освои седмото место.

Мелбурн е на осмото место, додека шведскиот Стокхолм е на десеттото место.

На дното на листата се нигерискиот Лагос, египетскиот Каиро, венецуелскиот Каракас, пакистанскиот Карачи и Јангон во Мјанмар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This