КОЈ ЈА ВРБУВАЛ КАТИЦА ДА PEKЕТИРА: Дуковски тврди некој друг, а не Боки е креаторот на афepaта „Peкет“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжува судењето за „Рекет“ со воведните зборови на адвокатот на Бојан Јовановски. Адвокатот Сашо Дуковси истакна дека Боки не можел да врши влијание врз Катица затоа што бил “самонаречена естрадна ѕвезда” а на УСБ-то за кое одбраната немала увид би требало да има докази за тоа што тој се терети.

-Зошто се бега од тоа да се утврди вистинската состојба во овој кривично-правен предмет, потенцираше Дуковски!

Адвокатот изречно тврди дека некој друг, а не Боки, ја врбувал Катица,

-Сега јас се прашувам како е можно таков самонаречен естраден уметни да изврши пред се и над се влијание на првиот обвинител во Република Македонија? Како и на кој начин?! Кој се доказите за тоа влијание кои се конкретните дејствија кои произлегуваат од тоа влијание. Што е изврешно со тоа влијание, добро е што слушаат новинарите. ова е прв пат во историјата на Република Македонија за мислење на јавен обвинител да се креира цела постапка која што го инволвира првообвинетиот, посочи Дуковски.

Во тек е првото рочиште за случајот „Рекет“, воведен збор веќе имаше Вилма Русковска, додека Зоран Милевски попознат како Кичевскиот ја призна вината и за него ќе се води одвоена постапка, додека Бојан Јовановски и Катица Јанева се чувствуваат како невини. Сепак јавноста и новинарите најмногу ги заинтересираа воведните зборови на одбраната поточно на адвокатот на Боки 13-ка, Сашо Дуковски кој спомена мистериозно УСБ во кое одбраната немала увид, а притоа е дел од доказите кои обвинителството ги има против обвинетите.

-Едноставно не може доказ да остане не анализиран од страна на одбраната, а токму тоа се случи во овој предмет. Независно од фактот којшто е на сила, а тоа е дека обвинението е стапено на правна сила. Да сублимирам можеби доколку би ја знаеле содржината на овој доказ, нашата одбрана и подготвувањето на нашата одбрана би одела во друга насока. Но најважно е што е не може една од странките да остане покуса, вели Дуковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This