Кучињата можат да намирисаат заразено лице кај 94 отсто од случаите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обучените кучиња со прецизност од 94 проценти можат да намирисаат ако некое лице има коронавирус, покажала студија на германските научници од Хановер.

Научниците користеле кучиња кои поминале на специјална обука во полицијата. Поминале седум дена со нив и ги обучувале да прават разлика помеѓу примероците заразени со новиот коронавирус и оние што не се заразени.

Користени се 1.012 собрани примероци од плунка и трахеобронхијални примероци, а кучињата имале за задача да откријат кои од нив се заразени, според научното списание „Инфекшн дизиз“.

Примероците биле дистрибуирани по случаен избор.

Се покажало дека кучињата правилно надушкале 157 позитивни и 792 негативни примероци, додека не успеале да погодат 33 негативни и 30 позитивни примероци.

Преведено во статистика, кучињата имале 83 отсто успех во идентификување на позитивни примероци и 96 отсто успех во идентификување на негативни примероци, давајќи вкупна просечна идентификација на позитивни и негативни модели на високи 94 проценти.

„Резултатите се многу возбудливи. Поставивме цврста основа за идните студии и истражувања за тоа што можат да мирисаат кучињата, како и за проценка дали кучињата можат да се користат за откривање разни состојби на болести и клинички заболувања“, велат германските научници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This