Кoрона ekcперимент во Хрватска: Свадба без маски, мерки и без физичко растојание ќе се одржи во Загреб

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првата пробна свадба која треба да покаже дали може да се одржуваат веселби без мерки за физичка дистанца ќе се одржи оваа сабота во Загреб.

За сите гости храната и пијалокот ќе бидат беcплатни, но под посебни услови – сите присутни ќе мора да бидат вакцинирани или да ја прележале болеста или да имаат негативен корона тест.

Резултатот по пробната свадба ќе биде темел за креирање идни епидемиолошки мерки во Хрватска за случни настани.

На овој настан максимално може да има 150 гости, а ќе изгледа како и сите останати свадби – ќе трае од 20 часот во сабота до раните утрински часови во недела, додека храната и пијалоците ќе бидат бесплатни.

Мора да се задоволат четири услови за оние кои во сабота ќе се најдат на оваа посебна свадба: мора да се вакцинирани против Ковид-19 со втора доза најмалку 14 дена пред настанот или да го преболеле Ковид 19 најмалку 180 дена претходно или да имаат негативен брз или ПЦР тест во последните 48 часа пред почетокот, односно мора да се согласат на ПЦР тестирање што ќе го спроведе Хрватскиот завод за јавно здравје.

Сите присутни ќе бидат тестирани на присуство на вирусот и по свадбата.

Порано денеска, потпретседателот на хрватската влада и шеф на Националниот штаб за цивилна заштита најави можно попуштање на епидемилиошките мерки на 1 јуни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This