Кocовcки aнaлитичap: ЕУ нe гo пpизнaвa Kocово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политичкиот аналитичар Миљазим Красниќи изјави дека Европската Унија од почетокот има погрешен пристап во процесот на дијалогот на Косово и Србија, кој, според него, се води во контра насока.

Тој смета дека најпрво треба да се разговара за сеопфатен правно-обврзувачки договор, па дури потоа да се наоѓаат решенија за останатите технички прашања.

„Последната средба на премиерот Аљбин Курти и претседателот Александар Вучиќ го откри големиот проблем кој постои во целосниот дијалог, а кој според моето мислење е од самиот почеток ставен на „крива нога“. Самиот факт што Европската Унија не го признава Косово, ги става учесниците во нерамноправна позиција, и тоа од една страна предизвикува фрустрација на косовската страна, а од друга ароганција на српската делегација. Наместо да ја прилагодува и нормализира состојбата тоа всушност ја влошува ситуацијата. Тематиката е таква што не овозможува да се најде некое решение, а фактот што Србија не го признава Косово не може да се реши со технички и административни прашања, а тие упорно се бават со тоа“, вели Красниќи, а пренесува Б92.

Според него, најдобриот начин за решавање на проблемот меѓу Белград и Приштина е да се постигне сеопфатен договор кој би го отворил патот за членство во ЕУ.

Косово и Србија според него се поврзани и без решавање на меѓусебните проблеми нема да може да ја остварат една од своите најголеми цели, приближување или зачленување во ЕУ.

„За 22 години Косово и Србија не работат на тоа како што би требало за да се издвои тој патолошки статус и да се најде патот кон Европската Унија, а додека тоа не се реши нема да можат ни да се приближат, а не пак да станат нејзини членки“, вели Красниќи.

Тој верува дека во поскоро време нема да има придвижување во дијалогот, имајќи предвид дека и на Косово и во Србија претстојат изборни процеси, па дури потоа може да се очекуваат поконкретни чекори.

Красниќи укажува дека и косовските и српските политичари не прават ништо за да ги подготват своите граѓани за прифаќање на компромисите, кои ќе бидат неопходни со цел постигнување договор, додавајќи дека на Србија ќе ѝ биде потешко својата јавност да ја подготви за завршницата на процесот на заемната нормализација на односите.

„Јавното мислење во Србија и на Косово не е подготвено за каква било одлука за некаков договор. Во таа смисла, особено во Србија никој не е подготвен за признавање на Косово, тоа не е само владата туку и опозицијата, Српската православна црква, граѓанското општество и медиумите, би требало постојано да го подготвуваат јавното мислење за новата реалност која би требало да настапи по пронаоѓањето на некакво одржливо решение“, заклучува косовскиот аналитичар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This