ЛАВРОВ ПРЕДУПРЕДУВА: САД испорачуваат оружје во Украина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Соединетите Американски Држави испраќаат оружје и муниција во Украина, во кое нема само малокалибарско оружје, изјави министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров на телевизијата „Прв канал“.

„Сталните тврдења на натовците дека Украинците ќе бидат во НАТО им го сврте умот на воинствените партии во Киев, како и на претседателот Порошенко и тие луѓе сега го зголемуваат вооружувањето на контакт-линијата во Донбас. Американците повторно таму праќаат оружје и муниција и тоа не само малокалибарско, туку е и се поголем бројот на инструктори од Соединетите Американси Држави, Канада и други западни земји“, раскажа Лавров.

Лавров смета дека судирот меѓу Русија и САД расте, а тоа го потврдува и поместувањето на инфраструктурата на НАТО кон границите на Русија.

„Конфронтацијата се зголемува, напнатоста расте. САД го иницираа придвижувањето на НАТО кон нашите граници… во смисла распоредување на воена инфраструктура на нашите граници. САД, Канада, Франција, Германија ги поставуваат своите батаљони во балтичките и други држави кои се граничат со поранешниот Советски Сојуз. Тие исто така ја промовираат и иницијативата Грузија и Украина да бидат вклучени во НАТО… им пратиле официјална покана“, додаде Лавров.

Рускиот министер кажа дека политиката на Вашинктон кон Киев го зголемува ризикот од воен судир, што е „апсолутно не прифатливо“ за Русија.

„Ќе ве потцетам дека во Јужна Осетија, од другата страна на контактот – на грузиска територија – работеа американски инструктори. Така да овие постепени акции, секако, го зголемуваат ризикот, помеѓу останатото и до воена конфронтација, што апсолутно е не прифатливо за Русија и за тоа повеќепати беа предупредени американските партнери“, истакна Лавров.

Подготви:
Борислав Стоилковиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This