ЛАЖНА ПРИЈАВА ВО ТЕАРЦЕ: Медиуми и невладини се обидоа да предизвикаат тензии со лажни информации!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гласањето на избирачкото место 2011 во Теарце се одвива во мирна атмосфера и без нерегуларности. Ова е генералната оценка на набљудувачите на коалицијата на невладини организации „Излези да гласаш“.

ilija-cvetkovski-640x363

Освен мали технички проблеми со неисправна УВ ламба, кога за кратко гласањето беше прекинато, по 15-тина минути проблемот со УВ ламбата бил решен по што гласањето продолжило и оттогаш трае непречено и без проблеми, изјави портпаролот на „Излези да гласаш“, Илијан Цветковски.

Според него, набљудувачите на „Излези да гласаш“ кои го следат изборниот процес во Теарце, се загрижени од информациите за поткуп на гласачи во текот на вчерашниот ден и агитирање на политички претставници да се гласа за една политичка партија…

За расчистување на овие сомнежи, откако вчера попладне лице од Теарце во секторот за внатрешни работи СВР Тетово пријавило поткуп при избори и гласање, полицијата веднаш реагирала, по што било утврдено дека нема кривично дело по пријавата за поткуп на гласачи во Теарце. Преземени се повеќе адекватни мерки и активности, разговарано е со пријавителот и притоа е утврдено дека нема елементи на пријавеното кривично дело, вели портпаролот на тетовската полиција Марјан Јосифовски, во изјава за повеќе медиуми.

-Некои од медиумите објавиле дека имаме и приведени лица. Нема ниту приведени, ниту повикани во полиција до овој момент. Значи од тоа што презедовме во текот на вчерашниот ден, а пред се со разговорот со лицето што пријави, не се утврдени елемети на пријавеното кривично дело. Еден човек беше тој што пријавил, детално разговараме со него и утврдивме дека пријавеното кривично дело нема елементи за понатамошна постапка, вели Јосифовски.

Од МВР велат дека случајот со поткупот во Теарце се истражува. Од страна на ОЈО се дадени насоки лицата што се посочени во записникот како сведоци и можни сторители да не се повикуваат во СВР Тетово во текот на 24.12.2016 година и 25.12.2016 година со цел да не се прекине изборниот процес и со постапката да се продолжи од понеделник, информираат од МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This