ЛАСОВСКА: Обуката во соработка со НДИ ќе придонесе за градење и правење на добра програма на ВМРО-ДПМНЕ со која ќе се претстави на следните избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска во Струга заврши дводневниот настан организиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ во соработка о Националниот демократски институт (НДИ) од САД именуван како „Рефлектирање за минатото, планирање за иднината“.

Цел на овој настан беше градење на нови политики и обука на раководството и пратеничката група на партијата, Унијата на млади сили, Унијата на жени, како и други членови од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

-Како пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ деновиве, односно овој викенд учествувам на семинар организиран од Националниот демократски институт, кој што е на тема „Рефлектирање од минатото и перспективи за иднината“, ова денеска од Струга за КУРИР го изјави претседателката на унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска.

Таа додава дека ова е добра можност за да се изградат капацитетите на партијата и дека ова е исклучително добар семинар во кој што можат да изградат една сплотеност и доверба меѓу нив.

-Сметам дека оваа обука ќе придонесе за градење и правење на една навистина добра програма на ВМРО-ДПМНЕ со која што на следните парламентарни избори ќе се претставиме пред граѓаните и ќе биде една од најквалитетните програми досега што ВМРО-ДПМНЕ ја има претставено пред граѓаните на Република Македонија, потенцира Ласовска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This