Лекapите даваат отkaз поради обвpcката за вakцинација, бoлницa во Њујорк привремено го затвopa пopoдилното одделение

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Болница во американската сојузна држава Њујорк привремено го затвора породилното одделение поради недостаток од здравствени работници кои се вакцинирани.

Бранот на отпуштања на докторите дојде откако таа федерална држава воведе задолжителна вакцинација против ковид-19 на здравствените работници, пишува Си-Ен-Ен.

„Не можеме со сигурност да ветиме дека ќе ангажираме доволно персонал во родилиштето по 24 септември. Бројот на отпуштања не ни остави друг избор освен да ја прекинеме работата на породилното одделение. Се надевам дека Министерството за здравство ќе ни помогне во оваа ситуација“, рече извршниот директор на болницата, Џералд Кајер, на прес-конференција во петокот.

Откако поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, нареди сите здравствени работници да добијат барем една доза од вакцината против коронавирусот до 27 септември, 30 здравствени работници, од кои 21 се лекари, дадоа отказ, вели Кајер.

Шест од наведените отпуштања се од породилното одделение.

Кајер додава дека 165 вработени во неговата болница се’ уште не примиле ниту една доза од вакцината против коронавирус.

На прашањето зошто треба да се затвори породилиштето, Кајер рече дека „нивната единствена надеж е дека ќе се зголеми бројот на вакцинирани, така што помалку луѓе ќе заминат, и можеби, со малку среќа, некои што поднеле откази ќе се премислат во таа одлука“.

Вработените кои даваат отказ или се отпуштени поради статусот на вакцинација нема да имаат право на надоместок за невработеност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This