Литовски за кого попуштaњето не е решение повеќе не е дел од Комисијата со Бугарија, на негово место именуван Азизи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Власта направи измени во составот со комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија. На денешната владина седница за нов член е поставен Исамедин Азизи.

Азизи доаѓа на местото на Александар Литовски, од Институтот за национална историја, кому според владата му истекол договорот.

Литовски го критикуваше интервјуто на премиерот Зоран Заев дадено за бугарскиот БГНЕС, велејќи дека се неприфатливи политичките дискусии за историјата и е фрапиран од леснотијата со која се инструментализира минатото.

– Во денешно време, особено идеолошко инструментализирани, неаргументирани, невистинити и неприфатливи се ревизионистичките и анти-антифашистичките изјави. Во таа насока, сметам дека секој научник не само што треба да стане имун на такви влијанија, туку треба да се раководи единствено од научните принципи и сопствената интелектуална совест, изјави Литовски за Денес магазин.

Исто така Литовски во неговото гостување во „Утрински Брифинг“ на Слободна ТВ изјави дека решението со Бугарија не е во попуштање, невистинито и неприфатливо е дека имаме бугарски корени.

– Решението со Бугарија не е во попуштање, затоа што Бугарија постојано ќе излегува со нови барања се додека не го оствари својот Сан-стефански сон кој е дел од официјалнта бугарска политика. Да прифатиме дека имаме бугарски корени, е исто како да прифатиме дека сме Бугари, а тоа е неприфатливо и невистинито. Не се работи само за Втора светска војна, Бугарија го има Сан стефанскиот сон и тој стои 50 години, и секогаш ќе ја тера таа политика, дури и да им се попуштат некои работи, по 6 месеци ќе следат нови барања, затоа што Бугарија има стратешки национални барања поврзани со Сан стефанскиот сон и упорно ги тера. Затоа решението не е во попуштање на барањата на Бугарија, рече тогаш Литовски.

Комисијата која е формирана според договорот за добрососедство со Бугарија има вкупно 14 члена, по седум од двете земји, и бројот на членовите не може да се менува. Азизи станува член на комисијата на предлог на Министерството за надворешни.

Азизи е доцент, научен соработник во Институтот за национална историја во Скопје. Дипломирал историја на Филозофскиот факултет во Скопје, а магистрирал и докторирал на Институтот за национална историја на теми поврзни со Албанците на Балканот. Област на истражување му е историјата на Балканот во 20-от век.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This