ЛУЃЕТО КОИ ЈА ОЦРНУВААТ МАКЕДОНИЈА ВО СТРАНСКИТЕ АМБАСАДИ: Фамилии кои ги користат странските амбасадори во корист на Заев, на штета на Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Македонија постои повеќедецениска пракса – локалниот персонал од амбасадите и останати странски претставништва да учествува во нереди, демонстрации, протести кои се политички мотивирани, и секако да заземаат политичка страна.

althauzer_zaev

 

Најчесто, вработени во странските амбасади во Македонија се бивши вработени и функционери кои биле актуелни во владата на СДСМ, или пак се сопружници на истакнати опозициски послушници кои со цел да изградат што подобра позиција за СДСМ, шпионираат, лажат и намерно пишуваат погрешни извештаи во кои се оцрнува се што прави актуелната влада.

Оттука не треба да не чуди што странските амбасадори се чести гости во штабот на СДСМ на Бихаќка, имајќи во предвид дека редовно добиваат дезинформации од семејствата на соросоидите.

saso_ordanovski

Така, во текот на вчерашниот ден на средба со Зоран Заев беше германската амбасадорка Алтхаузер во друштво со сопругата на Сашо Ордановски, Бјанка Зафировиќ Орданоска која пак е вработена како советник во Германската амбасада во Македонија.
За Ордановски, долго во Македонските медиуми се пишува дека токму тој и неговата сопруга ја злоупотребуваат блискоста со германската амбасада за свои лични цели и остварување на бизнис интереси со сомнителни личности и пари од Косово.

Но не е само Бјанка Зафировиќ Орданоска.

Во странските амбасади работат и сорпуги и блиски фамилијарни членови на голем број на опозициски послушници и соросоидни ботови, кои во текот на годините направиле завиден капитал шпионирајќи и оцрнувајќи ја сопствената земја.

Таков е случајот со Катерина Кус-Иванова Филкова, вработена во Делегацијата на ЕУ во Скопје, одговорна за Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и Систем за импленентација на децентрализација (ДИС). Катерина е ќерка на Бранка Кус- Иванова, која може да се забележи на низа протести организирани од СДСМ, како и гордо фотографирана со опозицискиот лидер Зоран Заев.
branka-kus-2

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет е познат по своите ставови кои ја надминуваат неговата дипломатска мисија и постојано дава оценки кои се директно мешање во внатрешните работи на Македонија. Неговата службеничка/советничка/официрка за економски и комерцијални прашања Јована Бабушку е дел од демонстрациите на СДСМ и Сорос, кои неретко беа насилни. На нејзиниот Линкд ин профил стои дека е вработена во Британска амбасада од 2007 година.
nasi
Додека амбасадорот на САД во Македонија Бејли изјавува дека тие биле тука за да и помогнат на државата, и да ја запрат настанатата криза (која впрочем ја финансира владината УСАИД), децата на неговите службеници беа директно вклучени во предизвикување на хаосот по улиците, вандализам и насилство, во протестите организирани од страна на СДСМ.

Имено, ќерката на Кристина Каранакова инаку вработена како лице за координација помеѓу Амбасадата на САД во Македонија и СЈО, Бисера Каранакова е активно вклучена во насилството и вандализмот кој го организира СДСМ со пари од Сорос и УСАИД.

karanakova_SUD

Каранакова своевремено беше вработена како аналитичар во МВР, за подоцна да стане помошник-министер за меѓународна соработка во МВР се до доаѓањето на Доста Димовска. Откако раководната структура во МВР се смени, Каранакова ја користи претходната позиција и контактите за да лобира во Амбасадата на САД и да се вработи како советник на тогашниот амбасадор на САД во Македонија. За ова, таа бара препораки од тогашното раководство на МВР.

Во овој период за Каранакова во јавноста излегоа голем број шпекулации за нејзина наводна афера со Љубомир Фрчковски, кој тогаш само што ја започна професорската кариера откако претходно ја напушти власта.

karakanova-e1467466716635

Ќерката на Кристина Каранакова, Билјана Каранакова на свои 33 години беше фронтмен на насилните протести организирани од СДСМ, а финансирани од странски организации како што се организациите на Сорос и УСАИД (Владата на САД).
karanakov
Освен понежната половина од семејството Каранакови, во анти-државната кампања е вклучен и сопругот на Кристина, Влатко Каранаков.
Имено, Влатко Каранаков, сопругот на Кристина Каранакова е член на т.н „Професорски Пленум“ како редовен професор на факултетот за дизајн, и доктор по дрвоиндустриски науки.

 

Каранакова беше забележана од телевизиските камери од кои неуспешно се обидуваше да се сокрие како пристигнува во службен џип на Амбасадата на САД во Кривичниот суд, каде како задолжена за врска помеѓу американската амбасада и судските органи вршела притисок врз судиите, во врска со случаите на СЈО.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This