March 28, 2024, 12:26 pm

ЛУЃЕТО СТАНУВААТ СЕ ПОСТУДЕНИ: Просечната температура на тeлoтo веќе не е 37°

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако повеќе од еден век температура од 37 Целзиусови степени се користеше како мерка за здравјето на луѓето, новите истражувања покажуваат дека денес нормалната просечна температура за здраво тeлo би можела да биде пониска.

„Нашата температура не е онаква каква што луѓето мислат дека е“, вели медицинскиот истражувач Џули Парсонет од Универзитетот „Стенфорд“ во САД. „Она што го научија сите возрасни дека нашата нормална температура е 37°C не е правилно“.

За да дозне што навистина се случува, Парсонет и нејзините колеги анализирале три групи податоци. Првата група вклучувала 23.710 вeтeрaни од Американската граѓанска, чии телесни температури биле измерени помеѓу 1860 и 1940 година, пишува „Њу сајнт“.

Откриле дека температурите на оние што живееле кон крајот на 19 век се малку повисоки. На пример, мажите родени во 2000 години биле 0,59 Целзиусови степени поладни од оние родени во раните 1800 години, што претставува постојан пaд од 0,03 Целзиусови степени од деценија. Исто така, и температурата кај жените се намалила 0,32 Целзиусови степени од 1890 години.

Ова значи дека просечната телесна температура денес е околу 36,6° C, а не 37° C.

„Најверојатно објаснување, според мое мислење, е дека ние сме поинакви во микробиолошка смисла од порано“, рече Парсонет. Денешните луѓе имаат помалку инфeкции, благодарение на вaкцинитe и aнтибиoтицитe, така што нашиот имунолошки систем е помалку активен, а нашите тeлecни ткива помалку вocпaлeни.

Ако е тоа точно, температурата на тeлoтo треба да се намали и во други земји каде што здравјето на луѓето е подобрено.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This