Лoшa математика за власта: За 4 години ја задолжи државата колку ВМРО за 11 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ за четири години владеење го зголеми јавниот долг за две ипол милијарди евра, со што долгот надмина 62 отсто од БДП-то. ВМРО-ДПМНЕ, пак, за 11 години владеење го зголеми јавниот долг за речиси три милијарди евра. Но се чини дека задолжувањето му пречи само на тој што е во опозиција, пренесува Радио Слободна Европа.

За четири години колку што СДСМ е на власт јавниот долг пораснал за 2,5 милијарди евра. Во 2017 кога доаѓаат на власт долгот бил 4,7 милијарди евра или 47, 7 отсто од Бруто домашниот производ (БДП). Јавниот долг сега изнесува 7,2 милијарди евра или 62,5 отсто од Бруто домашниот производ (БДП). Или на пример ако државата е човек кој годишно има плата од 5000 евра, би должел 3000 евра.
Податоците се за првиот квартал од годинава. Наскоро треба да излезат податоците и за вториот квартал.

Очекувањата на Министерство за економија се дека јавниот долг годинава ќе остане во рамки на проекциите од 63, 5 отсто.
Јавниот долг го сочинуваат парите што ги должи државата, јавните претпријатија, општините, претпријатијата во државна сопственост, Народната банка. Земјите кои имаат јавен долг до 60 отсто од БДП се умерено задолжени, според критериумите на Светска банка. Кога ќе се надмине тој праг, земјата спаѓа во категоријата висока задолжена.

Јавниот долг треба да се намали на среден рок

На среден рок, односно до 2025 година, проекциите во Стратегијата за управување со јавниот долг се дека тој ќе се стабилизира и ќе се намали на 58,8 отсто, односно под нивото утврдено со Мастришкиот критериум. Ова треба да се реализира, од една страна, преку постепено намалување на буџетскиот дефицит, и од друга страна преку забрзување на економскиот раст, односно продуцирање поголема додадена вредност од којашто полесно ќе може да се сервисира долгот што доспева.

Според власта, јавниот долг го зголемиле капиталните инвестиции и ковид-кризата

Со ребалансот на Буџетот што Собранието го усвои во средата, Владата ќе собере 100 милиони евра повеќе, а ќе потроши 300 милиони евра повеќе од првично планираното. Со Ребалансот е предвидено буџетската дупка да се зголеми за дополнителни речиси 200 милиони евра и да достигне 750 милиони евра. Кусокот пари во државната каса ќе се покрива со задолжувања дома и во странство.

Според податоците на Министерството за финансии, дел од капиталните проекти со чија имплементација расте јавниот долг во периодот 2017-2019 се изградбата на патот Кичево-Охрид (120 милиони евра), потоа автопатот Миладиновци -Штип (76 милиони евра), следува гасоводот со 55 милиони евра, 48 милиони за Коридор 10, 44 милиони евра за проект за мали и среди претпријатија, потоа 35 милиони евра за проект за патишта, по 20 милиони евра за проекти за општински услуги и проект за надградба и развој на патишта и нешто помалку од тоа за пругата Куманово – Бељаковце, изградба на фискултурни сали, проекти за иновации…Во 2020 јавниот долг расте поради справувањето со последиците од ковид кризата.

ВМРО-ДПМНЕ прашува каде одат парите?

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ велат дека секое четиричлено семејство во државава, од 2021 натаму, ќе должи по 16.000 евра, а како што наведуваат, владата тие пари ќе ги наплати преку „зелени“ такси и даноци кои оваа и следната година ќе се воведат за граѓаните и фирмите.

„Над 8 и пол милијарди евра Владата планира да го качи јавниот долг догодина. Тоа се 66 проценти од БДП. Тоа се 6 процентни поени над Мастришкиот критериум за јавен долг. Тоа е скоро двојно од состојбата која ја затекна владата на СДСМ во 2017 година. Она што е најголемиот проблем е на што одат овие пари. Капиталните инвестиции потфрлаат со бедна реализација од околу 20 проценти за половина година. За сметка на тоа, секојдневно читаме за нови партиски вработувања во државната администрација и небулозни јавни набавки за ќеифот на функционерите од власта“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Кој е во опозиција тој обвинува за должничко ропство

Кога ВМРО-ДПМНЕ во 2006 дојде на власт јавниот долг изнесуваше 1,8 милијарди евра или 33 отсто од БДП-то, кога паднаа од власт во 2017 државата должеше 4,7 милијарди евра, односно 47, 7 отсто од БДП-то. За 11 години долгот пораснал за скоро три милијарди евра. Во првите две години јавниот долг се намалуваше, потоа следуваше светската економска криза, кога јавниот долг се зголеми, паралелно се тоа се градеше и Скопје 2014, што дополнително го зголеми долгот. Тогаш опозициската СДСМ обвинуваше дека власта сака да ја втурне државата во грчко сценарио.

Во 2016 кога јавниот долг ја надмина границата од 50 отсто од БДП и кога експертите предупредуваа дека задолженоста е на опасна граница, СДСМ најави ревизија на сите задолжувања, обвинувајќи дека тогашната владината политика ги става и сегашните и идните генерации во должничко ропство.

Фискален бројач објавен на Министерство за финансии
ВИДЕТЕ И ОВА:
Капиталните инвестиции со низок старт
Да не се дујат прокециите за капиталните инвестиции

Спасот на економијата власта го гледа во капиталните инвестиции. Со ребалансот на Буџетот тие се најамбициозни досега. Ако во изминатите девет години тие изнесувале околу девет отсто до буџетот сега се проектирани на 11 проценти, односно, сега владата планира за оваа намена да потроши половина милијарда евра. Но приказната со капиталните инвестиции постојано се повторува, односно проекциите се високи, а реализацијата ниска. Во првите шест месеци потрошени се 106 милиони евра за капитални проекти како патиштата, пруги, гасификација, школи и градинки. Тоа е една четвртина од инвестициите планирани со првичниот Буџет за годинава, кога за оваа ставка биле планирани околу 400 милиони евра. Со ребалансот се планира за капитални инвестиции да се потрошат 500 милиони евра.

Извор: Радио Слободна Европа

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This