МАГДАЛЕНА МАНАСКОВА НЕМА ДА ГЛАСА ПО НИЕДНА ЦЕНА: ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката Манаскова во целост ја демантираа шпекулацијата за наводна „операција на СДСМ со Манаскова“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги демантира наводите изнесени во текстот „СДСМ ја спроведува операцијата Магдалена Манаскова“ во врска со наводните напори да се убеди пратеничката да го поддржи насилното менување на Уставот.

Пратеничката Магдалена Манаскова ги споделува ставовите на партијата дека мора да се почитува јасно изразената волја на граѓаните на одржаниот референдум каде спогодбата од Преспа не доби поддршка.

ВМРО-ДПМНЕ јасно го има кажано својот став во однос на уставните промени. Граѓаните недвосмислено на 30 ти септмеври, се изјаснија против промена на името на Република Македонија.
Ставот на граѓаните треба да го почитуваат сите политички партии и пратеници, вклучително и тие од власта.

Претходно, и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ пристигна демант до нашата редакција, во кој се тврди дека Манаскова пред сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ изјавила дека нема да гласа по ниедна цена!

Манаскова во телефонски разговор за Инфомакс целосно ја демантираше информацијата!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This