МАДУРО СО ОСТРА ПОРАКА ДО САД: Доналд Трамп да ги тргне своите заразни раце од Венецуела!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се што треба за Венецуела да излезе од кризата е американскиот претседател Доналд Трамп да ја тргне „својата заразна рака“ од земјата која ги има најголемите резерви на нафта во светот, изјавил претседателот Николас Мадуро за АП.

Тој изјави дека американските санкции спрема нафтената индустрија на Венецуела се главна причина за се потешката ситуација во Венецуела.

Позициите кои ги заземаат САД и Русија по прашањето за Венецуела можат да ја претворат кризата во земјата во високоризична геополитичка борба помеѓу двете земји.

И покрај се поголемиот притисок, Мадуро изјави дека нема да се откаже од претседателската функција.

Тој повтори дека не ја сака хуманитарната помош што ја нуди САД бидејќи тоа се трошки од она што САД го украдоа од Венецуела.

Мадуро во интервју за агенцијата АП го критикуваше ставот на Доналд Трамп кон Венецуела, но и го повика претседателот на средба за да се реши кризата што настана откако лидерот на опозицијата се прогласи за привремен претседател.

САД досега не ги коментираше изјавите на претседателот Мадуро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This