МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИ ПОВЕЌЕ НЕ ПОСТОЈАТ: Ако географска одредница е почетна позиција на Заев, тогаш и идентитетот ќе оди!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Заев не му е грижа за името, па географска одредница е само негова почетна позиција. Со оглед на тоа што одлично ги познаваме апетитите на нашиот јужен сосед, лесно е да се заклучи дека тие нема да застанат тука. Но, сега е јасно и дека сето она што ќе го побараат од нас, ќе го добијат од нашиот премиер.

Подготвени сме за географска одредница, изјави вечерва на прес-конференција македонскиот премиер Зоран Заев посочувајќи дека прашање за спорот за името што Македонија го има со Грција е суштествено и оти треба да се даде шанса низ преговорите да се изнајде решение.

– Сакам нашите граѓани да знаат и граѓаните од соседна Грција да знаат, но сакам навистина да успееме во преговарачкиот процес, и затоа е секогаш тука дозата на внимателност. Да му дадеме шанса на успехот, но притоа ќе кажам: ние сме подготвени за географска одредница и до тука ќе застанам затоа што прашањето е суштествено и треба да дадеме шанса низ преговорите во изнаоѓање на решение, изјави Заев на заедничката прес – конференција со евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Премиерот јасно им даде на знаење на Македонците дека тргува со името на нашата земја. На почеток на преговорите, Заев влегол со почетна позиција дека за него не претставува никаков проблем на нашето уставно име да му се додаде географска одредница.

Се отвора прашањето, до каде е спремен лидерот на СДСМ да оди за да им се додворува на Грците кои ја негираат земјата од каде тој доаѓа.

Но, Заев ја свитка кичмата на цела држава и на плеќите на народот си дозволува самиот на себе да исполнува нечии желби менувајќи го уставното име на нашата држава Република Македонија.

На Заев не му е грижа за името, па географска одредница е само негова почетна позиција. Со оглед на тоа што одлично ги познаваме апетитите на нашиот јужен сосед, лесно е да се заклучи дека тие нема да застанат тука. Но, сега е јасно и дека сето она што ќе го побараат од нас, ќе го добијат од нашиот премиер.

Какво ли ќе биде решението на преговорите за уставното име на Македонија, останува да видиме, но сосема е јасно дека, освен името, во игра е и идентитетот на Македонците.

20 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This