Македонија – кандидат за претседавање со ОБСЕ во 2023 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На годишниот министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ кој се одржува денес и утре во Тирана треба да биде разгледана кандидатурата на Македонија за претседавање со организацијата во 2023 година.

Кандидатурата е на предлог на македонското МНР, а со одлука на Владата. Министерот за надворешни работи Бујар Османи во текот на ноември соопшти дека со писмо го известил премиреот на Албанија Еди Рама, сегашен претседавач на ОБСЕ, со што и формално нашата кандидатура ќе биде ставена на дневен ред на декемврискот состанок на Организацијата.

Македонија годинава одбележа 25 години од членството во ОБСЕ и ова е прва кандидатура за претседавање со организацијата.

– Претседавањето со ОБСЕ ќе придонесе кон едно ново, подобро меѓународно позиционирање на Република Македонија како конструктивен актер и контрибутор во промоција на заложбите на ОБСЕ, а индиректно ќе се создаде и можност да се манифестира институционален капацитет кој се очекува од земја членка на НАТО и идна земја членка на ЕУ, истакна министерот за надворешни работи, истакна тогаш Османи.

На годишниот министерски совет на ОБСЕ во Тирана се очекува земјите членки да постигнат договор за избор на неколку најважни позиции во оваа најголема регионална безбедносна организација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This