April 20, 2024, 10:22 am

МАКЕДОНИЈА ТОНЕ ВО РЕЦЕСИЈА: Анкетите на НБРМ предвидуваат натамошен пад на растот на БДП!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светските финансиски институции и економските експерти на неколку наврати го намалија прогнозираниот раст за Македонија.

Покрај Светската банка и Стопанската комора на северозападна Македонија, кои го намалија прогнозираниот раст на ММФ за Македонија, од 2.5%, на 1.5% и 0,7%, соодветно, и најновата анкета на НБРМ, прогнозира дека годишниот раст на БДП ќе се движи во интервалот од 0,5% до 0,9%, за 2018. Притоа, агрегатната веројатност укажува на 65% веројатност дека растот на БДП во 2017 година ќе биде над 0,5%, пренесува Економски.мк.

Во поглед на очекувањата за стапката на инфлација за 2017 година, испитаниците оцениле највисока веројатност дека просечната годишна стапка на инфлација ќе се движи во интервалот од 1,0% до 1,4%, за 2018 ќе биде помеѓу 1,5% и 1,9% и за 2019 година дека ќе биде помеѓу 2,0% и 2,4%.

Инаку, во истражувањето на НБРМ, насловено „Анкета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП“, учествуваше тим составен од економски експерти и прогнозери, што го следат кварталниот прашалник за професионални прогнозери (Quarterly Survey of Professional Forecasters) што го спроведува Европската централна банка (ЕЦБ).

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This