МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ ДАТУМ ЗА ЧЛЕНСТВО: Кога Зоран Заев ќе oдгoвapa како Иво Санадер, Македонија ќе добие датум за преговори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Условот за добивање на датум за старт на преговори со Европската Унија, а поставен од Франција е Зоран Заев да одговара за неправилно и незаконско работење. Ова, ако судиме според она што го напишал Ненад Новковски, екс-министер за образование и наука и франкофон

Според Ненад Нововски, Македонија ќе добие датум за преговори со Европската Унија кога ќе бидат исполнети условите кои ги поставува Франција. Условите се, Зоран Заев да го снајде судбината на Иво Санадер.

Иво Санадер пак, бивш премиер на Р.Хрватска и бивш претседател на партијата ХДЗ, доби пет години затвор кои на почетокот на годинава му ги потврди и Хрватскиот Врховен суд. Санадер е осуден за проневера на 2 милиони евра, од кои 1.3 милиони евра си ги однел во картонска кутија дома.
Парите ги стекнал преку нелегално издавање на дозвола за градба на хрватски бизнисмен, од кого земал и „Рекет“ во вредноста за која е осуден. Хрватскиот суд бара од Санадер и да ги врати парите кои нелегално ги стекнал.

Санадер пред неколку години беше фатен на граничен премин во обид да избега од државата.

Зоран Заев пак е два пати аболиран политичар. Во првиот случај за проневера на 800.000 евра во случајот „Глобал“. Вториот пат аболиран со општата аболицја на Ѓорѓе Иванов. Експертите дебатираат дали Заев добил и трета аболиција кога судот во Струмица го прогласи Зоран Заев за невин во случајот за барање на 200.000 евра поткуп од бизнисмен за издавање на градежна дозвола. Бизнисменот го снимил разговорот со Заев, а истиот беше емитуван во јавност.

Од август годинава, Зоран Заев е индициран како можен учесник во криминалната афера „Рекет“ во која Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева рекетирале бизнисмени со ветување дека ќе им ги намалат затворските казни, односно ќе им ги укинат притворите кои биле барани од СЈО.

Во исказот на Орце Камчев, Зоран Заев се споменува како човек кој го предупредил Бојан Јовановски дека ќе биде отворена истрага против него по пријава на бизнисменот во ОЈО.

-На прашање дали после средбата со премиерот Заев, имал контакт со Бојан Јовановски или со Катица Јанева, подносителот одговори не, но имав комуникација со Зоран Милевски кој што имаше добиено информации дека сум го пријавил случајот, мислам дека од премиерот, стои во записникот на обвинителството за организиран криминал од исказот на Јордан Камчев.

Замислете Зоран Заев ги предупредил како што вели ,,педерот” и Кичеец дека против нив има пријава и да ги прекинат сите контакти со Орце Камчев.

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This