April 19, 2024, 11:52 am

Македонската кик бокс репрезентација на Светскиот куп со освоени сребрен и три бронзени медали

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската кик бокс репрезентација на Светскиот кик бокс куп во Будимпешта освои еден сребрен медал и три бронзени медали.

Миа Тодорова (-65 кг) го освои сребрениот медал на Светскиот кик бокс куп во Будимпешта, Унгарија, во лоу кик, откако во финалето беше поразена од Србинката Валентина Кери.

Тодорова е префрлена да се бори во сениорска конкуренција бидејќи им се откажала противничката, а за да има повќе борби како подготовка за Европското јуниорско првенство во Будва за месец ипол.

Исмаил Туркер се закити со бронза на Светскиот куп во кик бокс што се одржува во Будимпешта, Унгарија. Ова е вкупно четврти медал за македонските кикбоксери – 1 сребрен и 3 бронзени.

Иван Кукуновски е поразен од претставникот на Грција во лајт кик.

Да потсетиме вчера Филип Ризов и Иле Леков во полуфиналето беа поразени, па така освоија бронзени медали. Сепак, вели селекторот Дејан Митровски, и двајцата одлично се избориле.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This