МАКЕДОНСКИОТ СИНДРОМ НА САМОУНИШТУВАЊЕ: Проклетството да живееш во држава која никогаш не требаше да постои!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се започна далечната 168 година пред нашата ера, стариот Рим веќе ги добиваше контурите на моќното царство како што ќе остане запаметено во историјата. Иако Персеј на почетокот од ,,Трета Македонска војна’’ како што ја нарекуваа римјаните имал успех, се завршило кај битката кај Пидна, каде античката македонската војска ја изгуби својата последна битка, Персеј ја изгубил војната, а со тоа дојшол и крајот на Античкото Македонско кралство како што денеска се памети.

Многумина ќе кажат еве уште еден атнички Македонец, дополнувајќи дека тие не се чувствуваат така, но јас ќе речам не сте во право, геостратешки и геополитички никогаш повторно нема да се обединат регионите денес познати како Егеј, Пирин и Вардар во држава на еден народ. Дебатата дали сме или не ,,антички’’ , односно дали сите ние ги влечеме своите корени од Македонците кои живееле тука пред Христа ја оставам за некое друго време.

Географска Македонија, како држава која припаѓа на еден народ како и да го нарекувате никогаш повторно нема да се обедини од моментот кога Персеј ја губи својата последна битка. После поразот кај Пидна, Римјаните го освојуваат регионот Македонија, го колонизираат, го романизираат, тие иако го покоруваат овдешниот народ, го почитуваат ликот и делото на Александар Македонски и воинствените Македонци.

Приказната на дотогаш најмоќната империја Рим, завршува неславно со поделба, најпрвин во 286 година каде првично ги добиваме контурите на Византија, а потоа и конечната поделба по смртта на Теодосие први во 395 година од нашата ера.

Многумина забораваат, но визнатиското царство продолжува да постои уште неколку години по падот на Константинопол во 1453, се до падот на Трапезунт, односно денешен Трабзон во Турција.

Сепак говориме за Македонија, а Македонија е освоена од Османлиите многу порано уште во 1387 година кога паѓа Солун, а со неговиот пад паѓа и целиот регион на географска Македонија во рацете на Османлиите. Народот кој како и да го наречете претходно бил романизиран, со доаѓањето на разни племиња при преселбата на народите веројатно и во голема мера словенизиран, сега е исламизиран, односно потурчуван од страна на Османлиите

И оваа приказна се одвивал и ќе се одвива и во наредните 500 години, или како што популарно се нарекува овој период, турското ропство. Отоманската империја по низата неуспшени војни со Западните држави конечниот удар го добива на полето на економијата и се дави во долгови, по што од рускиот цар Николај I го добива прекарот ,,Болен на Босфорот’’

Нашите денешни соседи во време кога Османлиите се најслаби ја гледаат шансата за да и го зададат финалниот удар и ги истераат од своите огништа Турците, да ја истераат Османлиската држава надвор од Балканот.

Оваа шанса ја гледаат и Македонците во 1903 организирајќи го Илинденското востание кое за жал е неуспешно и како што велел даскалот навистина се случило прерано.

Само 9 години по неуспешното македонско востание, се случува Првата балканска војна, мојот пра-пра-пра дедо слуша дека се ослободува Македонија, и од Чикаго се враќа назад во Радовиш. Но тој не е еден и единствен за вакви случаи имаме безброј примери, примери за Македонци со изразено македонско чувство уште на почетоците на 20-тиот век, спремни да гинат за Македонија. Сепак Македонците биле излажани или се излажале самите, нив никој не дошол да ги ослободи, ниту Бугарите, ниту Србите, најмалку пак Грците.

Надежта дека православните браќа, словенски или какви да ги нарекуваме или би сакале да се прикажат најмногу во примерот со Бугарија, дошле да ги ослободат Македонците од вековното ропство згаснува тука, тие за жал дошле самите ги поробат.

Границите на денешна Македонија почнуваат да се познаваат по Втората балканска војна кога некогашните сојузниците војуваат за јаболкото на раздорот на Балканот, географска Македонија. Во Првата балканска војна е поразена Турција, а во Втората Бугарија. Сепак на крајот најтешко поминуваат Македонците во чии дворишта се исполнуваат болните империалистичките амбиции на соседите и светските сили.

Се случува и Првата Светска Војна, повторно во дворот на Македонците, повторно има илјадници жртви. Но нешто се менува по Втората Светска Војна, нешто што речиси 2200 години било незамисливо, вистинско чудо, се појавува држава која го носи името Македонија. Иако како дел од СФРЈ, ова е прв пат после 2200 години повторно да се појави ова вековно име на светските карти.

Сепак радоста брзо доаѓа, но брзо и си оди. Создавањето на македонската држава не во план на ниту еден од нашите соседи, а уште помалку во планот на светските сили кои до ден денес ги тегнат конците во светот.

Македонија и Југославија ја делат истата судбина, нивното постоење е непланирано, па така Југославија во даден момент се распаѓа, а плановите за поделба на Македонија и нејзинот уништување постојат и до ден денес.

Да за жал постоењето на Македонија, обединета или каква што е денес е непланирано во ниту една геополитичка карта, не е во интерес на ниту една од светските сили и за жал не е во интерес на ниту еден од нашите соседи. Но тоа не е нашиот најголем проблем.

Доаѓаме до не така далечното минато односно нашето осамостојување на 8-ми Септември 1991 година, Денот на независноста на Република Македонија. Набргу по осамостојувањето Македонија е жртва на погубно ембарго од Грција и војна во 2001-га година која завршува со Рамковниот договор, и најава за конечна поделба на Република Македонија помеѓу две соседни држави.

Имајќи ја во предвид целата наша историја лесно е да се протолкува и нашата судбина. Нашата субдина е нашиот карактер, а нашиот карактер и однесување е како однесувањето на едно непланирано дете. Дете израснато со многу проблеми, без љубов и ниска самодоверба како резултат на тоа, дете кое прави се за да се самоуништи. Македонците самите на себе си се најголемите непријатели. Веројатно за оваа тема е потребно поголемо психолошко познавање, но сите ние знаеме и сме свесни како завршуваат децата кои имаат проблематично детство, се разбира освен ако не им се посреќи или станат свесни што прават и ги променат своите навики.

Синдром на самоуништување не следи од првиот ден на нашето создавање, со предавствата и интригите, борбите за моќ и пари кои завршуваат со криминалната транзиција, која ја враќа државата 20-тина години назад. Потоа со дефакто капитулацијата во 2001 година и територијалната поделба 2004-та кога уште еднаш добиваме слика за крајниот план, федерализација на Македонија и нејзина конечна поделба.

Високо ниво на корупција, даночна евазија, уништување на институциите, двојазичност, промена на име, сите овие случувања се резултат на карактерната црта на Македонецот кој повеќе од 20 години пробива да го уништи она за кое се борел 2200 години. Ако не успее да се промени Македонецот и дозволи судбината да му ја одреди карактерот кој е резултат на тешкото минато, крајот е близу. Крајот за Македонија, крајот за Македонците, крајот за нашиот јазик, историја, но и иднина, близу е уште една Пидна после која овој пат нема да има назад дури ни по 2 илјади години! За крај наместо да го проколкнувате Персеј, секој на свој начин нека биде Александар, а во следното мое писание ќе ви зборувам малку повеќе за борбата што ни следува…

Пишува: Милош Милошевски

Посветено на Гоце Делчев, вечна ти слава даскале!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This