March 29, 2024, 11:34 am

МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ ДЕНЕСКА ГИ ДОБИ ПРВИТЕ ПОЗИТИВНИ НА КOРOНAВИРУC: Судбината на првенството е во paцeтe на Институтот за јавно здравје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот фудбал денеска ги доби првите шестмина позитивни на коронавирус. Четири лица доаѓаат од Ренова, додека двајца од Шкендија по тестирањето направено со помош на Синдикатот на фудбалери на Македонија.

Изминатата недела сите фудбалски клубови почнаа со тренинзи откако Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за продолжување на сезоната и усвои медицински протокол.

Овие шест позитивни случаи го загрозуваат рестартот на првенството. Фудбалската федерација на Македонија чека на Институтот за јавно здравје, кој треба да реши дали ќе бидат изолирани само позитивните лица или целите тимови ќе одат во карантин. Прво треба да бидат направени втори тестови за да се потврдат случаите и да бидат направени епидемиолошки анкети на позитивните лица за да утврди со кого биле во контакт изминатиот период.

Шансата за проширување на вирусот е голема, бидејќи фудбалерите биле во меѓусебен контакт за време на тренинзите, а во Шкендија дури и тренираа екипно.

Доколку Институтот за јавно здравје одлучи сите играчи на Ренова и Шкендија треба да одат во изолација поради опасност од ширење на вирусот, тогаш јасно е дека продолжување на сезоната е речиси невозможна мисија. Судбината на првенството е во рацете на оваа институција која ќе го има последниот збор.

Претходно се тестираа и екипите на Македонија Ѓорче Петров, Академија Пандев, Борец и Работнички, но без ниту еден позитивен случај на Ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This