April 25, 2024, 11:57 am

Македонските ракометари со триумф над Швајцарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Скопје ја совлада Швајцарија со 29:28 во последното коло од квалификациите за Европското првенство. Иако Македонците и пред натпреварот го имаа обезбедено учеството на евро-шампионатот, одиграа без калкулации и на крајот заслужено се радуваа.

„Црвено-жолтите“ до победата ги предводеа селекторот Кирил Лазаров и Филип Кузмановски со по шест гола, како и голманот Никола Митревски со 15 одбрани.

На другиот меч од 6. коло во седмата група, Данска ја победи Финска 46:24.

Македонскиот национален тим го обезбеди своето седмо учество на континенталните ракометни собири каде од групата ќе патуваат и Данците.

Европското првенство ќе се игра во јануари следната година во Словачка и во Унгарија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This