April 19, 2024, 10:57 pm

,,МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ: Прифаќањето на албанската платформа ќе биде велепредавство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ги повикуваме сите патриоти од двете најголеми и од другите македонски партии да го фрлат од себе тесниот партиски оклоп и да се обединат за достоинствена и енергична одбрана на македонскиот и државен суверенитет, порача во својата декларација невладината организацијата „Македонски манифест“. Предлогот на документот е упатен до македонскиот народ и до претседателот на државата Ѓорге Иванов и е мотивиран со одбраната на македонскиот национален и државен суверенитет. Членовите на оваа организација потенцираат дека Република Македонија е изложена на новата деструкција со објавувањето на албанската платформа. За „Македонски манифест“, Македонија сега е „фрлена во агонија со албанската платформа, која има геноциден мирис“.

im-360x203

– Со платформата изготвена во Тирана и Приштина, Република Македонија треба конечно да биде положена на смртна постела. Така Македонија е конечно пред хамлетовската дилема: да се биде или не, на која сега треба решително да одговориме ние Македонците, како и другите неизманипулирани и чесни граѓани на оваа земја: Албанци, Турци, Срби, Власи Роми, Бошњаци… Прифаќањето на оваа деструктивна платформа ќе биде акт на велепредавство, се потенцира во предложениот документ.

Во него се наведува дека суверенитетот на Македонија како национална држава на македонскиот народ и малцинствата во неа е неделив. Службен јазик на цела нејзина територија е македонскиот, што исклучува секаква двојазичност на тој план. По таа основа сите граѓани на Република Македонија се должни да го изучуваат и говорат него, според примерот на западните демократски држави. Во светот не постои ни една унитарна држава која е двојазична.

– Ни е сме против каква било измена на грбот, македонската химна и другите национални симболи, кои се идентитетски белези во кои е складирана историската меморија на македонскиот народ. Барањето за нивна промена, нагласено и во албанската платформа, претставува геноциден акт, поткопување и укинување на автентичниот македонски архетип.

На странските и домашните ликвидатори на македонскиот идентитет треба еднаш за секогаш да се каже дека ни ЕУ ни НАТО, ниту што било друго на светот е цена за нашето Име, се наведува при што се додава дека се бара и итно прекинување на преговорите за името на нашата држава и за тоа воопшто да не се организира референдумот.

Барањето е и Македонија да не биде роб на филозофијата на безалтернативност со интеграцијата во ЕУ и во НАТО, бидејќи тие организации не ја сакаат како земја членка.

– Македонија во најкус можен рок да направи попис на населението за да се види фактичката состојба на нештата која, како што знаеме, се сокрива и се фалсификува, а с` во интерес на едно фаворизирано од Брисел и Вашингтон етничко малцинство кај нас. Решително да се постави граѓанскиот наместо сегашниот племенски концепт на општествено уредување, кој е антидемократски и кој ~ е присилно наметнат на Македонија од Брисел и Вашингтон. Тоа е потребно и за да се укине наметнатиот однадвор паралелизам меѓу македонското мнозинство и албанското малцинство со цел да се потисне првото – се вели во Декларацијата.

Преиспитување на Охридскиот рамковен договор

– Да се преиспита под капитулантски воени услови присилно наметнатиот Охридски рамковен договор, кој е веќе одамна вглобен во Уставот, исполнет и реализиран на апсолутна штета по однос на суверенитетот на државата и Македонците. Да се укине како антиуставен, уценувачки и деструктивен во сите свои елементи, се нагласува во документот.

Истрага против потписниците на платформата

Освен ова, по примерот на западноевропските земји се бара закон за забрана да се формира етничка партија и секаква друга што не го почитува суверенитетот на македонската држава: јазик, закони и друго. Се бара и државните правосудни органи да поведат веднаш истрага против потписниците на албанската платформа, која е антидржавна, а нејзините потписници антидржавни елементи.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This