Македонско-грчки kpиминaлeн koнзopциyм ги остави штипјани бeз бoлницa, а Македонската економија oштeтeнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еднакви на kpиминал се случувањата околу новиот Клинички центар во Штип. Не само што штипјани во долгледно време нема да добијат нов Клинички центар туку, оштетена е и македонската економија, како и компанијата „Бетон Штип“ која влезе во стечај токму поради долговите кои кон нив ги акумулирала грчката компанија „Интракат“.

Иако грчката фирма досега наплатила најмалку три милиони евра, ниту денар од обврските вредни два милиони евра кон Македонската „Бетон-Штип“ не биле исплатени. Токму поради ова, македонската градежна компанија влезе во стечај, оставајќи голем дел од вработените на улица.

Денеска Македонската подружница на грчката компанија „Интракат“ (Intracom Constructions Societe Anonyme Technical and Steel Constructions), која го доби тендерот за изградба на новиот клинички центар во Штип за сума од 30 милиони евра, се наоѓа пред стечај.

Барањето за стечај до Основниот суд Скопје – 2 го поднесе стечајниот управник Живко Калков во име на компанијата „Бетон-Штип“, поради неможност за наплата на долг од 2 милиони евра, направен во време кога македонската компанија работела како подизведувач на објектот.

Во меѓувреме, грчката фирма одлучи самостојно да го доврши проектот, по што склучи и анекс-договор вреден 7 милиони евра, но од Министерството за здравство велат дека нема никаква исплата кон изведувачот во овој период поради забавени градежни активности во услови на вонредна состојба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This