МАКЕДОНЦИТЕ ОТСЕГА ВО КОЛУМБИЈА БЕЗ ВИЗИ: Боцевски се пофали дека се укинати визите за Колумбија, следни Уругвај и Парагвај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските граѓани ќе може без визи да патуваат во Колумбија, објави денеска македонскиот амбасадор во Бразил, Ивица Боцевски.


Укинати се визите за македонските граѓани и за Колумбија, најбрзо растечката економија на континетот, втората најбројна држава од Јужна Америка и волшебната земја од романите на Габриел Гарсија Маркес.

Следни за списокот за укинување визи за македонските 🇲🇰 граѓани се Уругвај и Парагвај, а веќе слободно патуваме во Бразил, Аргентина, Чиле и Перу. Безвизниот режим ги зголеми обврските за македонската амбасада во Бразилија, но засега соработката е одлична и со македонските туристички компании и со македонските иселеници на континентов, објави Боцевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This