Максимална казна од 330 години за филмската ѕвезда: Брутално силувал над 20 девојки, меѓу кои и малолетничка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Филмската ѕвезда Рон Џереми, познат од филмовите за возрасни е обвинет за силување и злоставување по повеќе од 30 точки.

Претходно беше објавено дека му се заканува доживотна казна затвор. Има повеќе од 20 жртви, а една од нив била малолетна и имала помалку од 15 години во моментот на нападот.

Според „Ноиз“, деталите за обвинението се вознемирувачки бидејќи меѓу повеќе од 30 точки може да се видат врзување жртви пред брутално силување, принудни односи со малолетници или лица кои се во несвест, пенетрација со туѓ предмет, насилна содомија.

Наводно, 15- годишната девојка била сексуално злоупотребуван на забава северно од Лос Анџелес во 2004 година. Многу други инциденти, наводно, се случиле во бар во Западен Холивуд, се вели во соопштението.

Џереми (68) се изјасни за невин, а минатата година, кога беше уапсен, доби кауција од 6,6 милиони долари. Во тоа време, тој беше обвинет за „само“ три напади и веќе му се закануваше доживотен затвор.

Сега, откако е осуден по 30 точки, му се заканува максимална можна казна од 330 години затвор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This