МАНУ ВЛЕГУВА ВО КАМПАЊА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ: Ќе ги убедува граѓаните дека со спогодбата не се загрозува македонскиот идентитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Тања Каракамишева на својот Твитер профил најави дека МАНУ ќе организира расправа за договорот на 11 овој месец кога веќе ќе биде започната кампањата за референдумот. Каракамишева обелодени дека МАНУ веќе има донесено заклучок според кој со договорот од Преспа не се загрозува националниоте индентитет на македонскиот народ, јазик и култура.

Имено само неколку недели пред да биде потпишан договорот претседателот на МАНУ, Академик Таки Фити го делеше ставот со мнозинството на граѓани кои се против договорот од Преспа.

-Ерга омнес, односно име за севкупна употреба никако не смее да се прифати, бидејќи тоа значи менување на Уставот. Тоа носи обезличување на Македонците. Иредентизмот не може да биде оправдување за менување на Уставот. Нашата влада ќе мора да се избори за решението да не биде за севкупна употреба, ако сака тоа да биде достоинствено решение. Менувањето на Уставот и име за севкупна употреба ќе биде опасна ситуација, кажа неодамна на едно медиумско гостување на 6-ти мај претседателот на МАНУ, Таки Фити.

Но, набрзо откако беше потпишан договорот, ставовите на Фити драстично се променија. Според него постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција е компромисно решение, со отстапки на кои морале да се согласат и двете страна, но дека Македонија нема друга развојна перспектива надвор од Европската унија и НАТО. Сега можеме слободно да очекуваме дека акдемиците, платеници ќе станат дел од кампањата за референдумот за промена на името и ќе се обидуваат да го перат мозокот на граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This