Маричиќ: Попишувачите имаат стратегија да бидат упорни до крај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Mинистерот за правда, Бојан Маричиќ, изјави дека работат заедно за решавање на проблемите околу пописот, но и на спроведување на оваа статистичка операција по 20 години.

Маричиќ додаде дека е во секојдневна комуникација со тимот на Државниот завод за статистика.

Заклучно со вчерашниот ден, од теренскиот попис се попишани 618.000 граѓани и тоа е за првите седум, осум дена се навистина сериозен резултат особено со оглед на тоа што имаше два дена технички проблеми коишто за среќа успешно ги надминавме – изјави Маричиќ.

Тој додаде дека за првпат се спроведува попис по оваа методологија со нова технологија, со современи технологии.

Првпат спроведуваме попис без хартија и со таблети во коишто во исто време 5000 попишувачи внесуваат податоци. Нормално е кога за првпат правите нешто, кога за првпат е креирана таква аплликација и таков систем да се јават и технички проблеми. Тоа се случувало и во други држави, во Италија, и во други да не ги споменувам, имало поголеми застои, но пописот продолжува – изјави Маричиќ.

Тој наведува и дека со тимот на ДЗС, компаниите коишто ја спроведуваат апликацијата, МВР и Телеком со заеднички сили успеале да ги решат сите технички проблеми.

Колку што знам, стратегијата на попишувачите е да бидат упорни до крај. Мислам дека имавме случаи кога граѓани коишто на почетокот одбиле, подоцна се попишале и увиделе дека операцијата тече добро, трае кратко, безбедно и по протоколи – изјави Маричиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This