Масовен изборен пoткyп се случува денес во Велес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Класичен изборен поткуп се случувал утринава во Велес и околината, објавува Република.

Читатели на „Република“ ни јавија дека на приматели на социјална помош денеска по пошта им биле доставени дополнителни 2.000 денари помош. Парите им стигнале на домашна адреса и тоа во време кога е во тек изборниот процес.

Како што дознава „Република“ , направен е претрес и оти е најдена листата на лица на кои требало да им се доставуваат парите. Изборниот поткуп денеска е главна тема на социјалните мрежи. Неколкумина дури и потврдуваат дека добиле пари.

Станува збор за околу 500 семејства кои земаат социјална помош, нега за трето лице, и помош за трето дете.

Од СВР Велес велат дека кај нив никој не пријавил такво нешто.

Немаме таква информација. За време на избори се појавуваат многу информации кои треба да се проверат-велат оттаму, за „Република“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This