МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ПРОТИВ СЈО: Илјадници луѓе се собраа на протест против романското СЈО поради корупција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преку сто илјади приврзаници на власта се собраа во главниот град на Романија, Букурешт, во саботата, во знак на протест поради наводните злоупотреби од страна на обвинителите во истрагата за корупцијата

Владејачките социјалдемократи сметаат дека обвинителите имаат премногу моќ, тврдејќи дека илегално ги прислушувале телефоните и ги таргетираат службениците без доволна причина.

“Дојдов тука за да ја поддржам вистинската правда”, рече еден демонстрант, а не онаа што е направена со монтирани случаи и лажни сведоци ”

Канцеларијата за борба против корупцијата соопшти дека успешно гонела над 700 функционери во 2017 година, вклучително и сенатор, критичарите на митингот, велат дека протестот е насочен кон заплашување на судиите и романскиот претседател Клаус Јоханис, кој ја поддржува борбата против корупцијата.

“Многу е чудно да се одржи митинг на партиите што се на власт против она што го нарекуваат длабока држава. Длабоката држава обично е многу поврзана со теориите на заговор”, рече професорот Андреј Тарану, доктор по политички науки, на Национална школа на политички науки и администрација (SNSPA).

Минатата година Романија ги виде најголемите протести по падот на комунизмот откако владата се обиде да ја декриминализира некои видови на злоупотреба на службена должност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This