МАСОВНО И ВО ОХРИД: Младите си ја сакаат татковината и нема да дозволат некакви платформи да влијаат врз нивната иднина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓани на Охрид попладнево повторно излегоа на улица, во знак на поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

ohrid1-640x285

– Нема да дозволиме двојазичност затоа што Македонија е унитарна земја. Преку собириве сакаме да докажеме дека Македонија е на Македонците и на сите што живеат тука, изјави пензионерот Стојан Буџакоски.

Демир Далип од Новокоалицијата на Египќаните на Македонија, рече дека нејзините припадници како етничка заедница секогаш ќе бидат со граѓаните на земјата, во одбраната на унитарниот карактер на Република Македонија.

– Свесни сме дека живееме во мултукултурно општество и поради тие демократски вредности сме тука. Македонија е единствена наша татковина, друга немаме, така што ќе останеме на браникот на татковината, рече тој, повикувајќи ги и останатите етнички заедници да се сплотат во одбраната на Македонија и напорите за надминување на политичката криза.

ohrid

За Теодора Дическа, естраден уметник, Македонија е држава со свој Устав што мора да се почитува, свој јазик и унитарност.

– Младите си ја сакаат татковината и нема да дозволат некакви платформи да влијаат врз нивната иднина. Ние сме против двојазичноста, менување на химната, знамето, грбот и против федерализација, рече таа.

Движењето „За Заедничка Македонија“ се противи на платформата на политичките партии на Албанците со која, според нив, се предвидува воведување двојазичност на територијата на целата држава и други законски измени што го загрозуваат унитарниот карактер на државата.

Според активистите на движењето „За Заедничка Македонија“, протестите нема да запрат и во случај да се формира нова влада меѓу СДСМ и албанските партии.

Screenshot_4

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This