МАЈКА И ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ СЕ ПOВРEДEНИ: Во нив yдpилo возило управувано од 19-годишник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шестгодишно дете и неговата 26-годишна мајка се повредени откако во нив удрило возило управувано од 19-годишник, соопшти СВР Тетово. Незгодата се случила вчера околу 14.40 часот на кружниот тек од булевар „Видое Смилевски Бато“ со улица „Браќа Миладинови“ во Тетово.

Патничко возило „опел Корса“ со тетовски регистрски ознаки, управувано од Е.С.(19) од Тетово, удрил во пешаците И.Ш.(26) од Тетово и нејзиниот 6-годишен син. Во незгодата, двајцата пешаци се здобиле со повреди, информира СВР Тетово.

Двајцата повредени биле пренесени во Клиничка Болница-Тетово за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This