Мајка обвинува за притиcoци поради најавениот бojкот на наставата – ми се зakaнуваат од нивната cekта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мајка и членка на групата “Настава и учебници мора да има” реагира на изјава на министерката за образование и наука Мила Царовска која зборува за учество на настан за родова еднаквост.

“Јас како жена не се осеќам дека сум било како обесправена во однос на машкиот род. Овие права за рамноправност помеѓу маж и жена уште одамна се добиени, што и го прославуваат жените со празникот “8 Март”. Сега оваа особа, демек нешо повторно ќе ги изедначува нашите женски права со мажите?! Демек прави нешто “паметно”, а уствари се враќа у минатото. Да не постоеше рамноправност уште пред таа да дојде, таа никогаш немаше да добие право да стане министерка.

Сега пошо многу се “пува” заедно со нејзината секташка заедница на силни жени, нека покаже малку пракса со тоа што ја промовира “родова еднаквост” па нека почнат да ги прават следните работи (за кои е потребна машка природна сила):
-да копа и асфалтира патишта;
-да пушта деловоди за струја и да се качува по бандери;
-да гради здради и други градежни објекти;

-да прави изведба на подземна водоводна инсталација и санирање на дефект при избивање на водоводна цевка;
-третирање и преработка на високотонски отпад;

-да изведува електрична инсталација во нови или постоечки објекти;
-да обработува земјоделски површини со разновидна агротехничка опрема;
-да изведува бушотини на нафтени платформи и работи во рафинерија;
-да гаси пожар и учествува во санирање на винредни ситуации;

-да учествува во физичка одбрана на нашата држава, во први борбени редови, како дел од армијата на АРМ;

Итн, итн…

Јас сум среќна што како жена не сум изложена на сите горенаведени работи, поради правилна распределба на родовата положба во десегашното општество.
А ѓ-ѓа Царсовска нека не треска “зелени” кога повеќе пд министерско столче не фатила да работи. Нека почне да работи, по ред на горенаведената листа, па да видиме како ќе преживее 🙂

Или пак на нас родителите ни прави вакви филмови за родова еднаквост, како ние би поверувале и би ги пуштиле десата во училиште, за да они ги превоспитаат на сосема друг первезен начин, као права на хомо- и транс- сексуалци и така се тоа подмукло претставено и спакувано во убаво пакетче, така што децата среќни си одат од училиште, со нови пореметени мисли, врежани во паметот.
И после ќе ми кажат одредени личности, што си дозволуваат да се наречат професори, а немаат деца, као “не е така како што мислите, па убаво е да се информираат за новите сексуални права во светот, не е како што било порано, сега може да се онадуваат со кој ќе сакаат, а не други да им кажуваат”. Ало кој други? ние родителите, па уште и заостанати, зошто? пошто сме хетеросексуалци во брак. Уште во inbox си дозволуваат да ме реметат, да ме убедуваат дека не сум била во право.така било насекаде…. Уште ова да кажам, професорката ми вика “немој ние наставниците да направиме протест, па ќе видиме кој ќе ви ги чува децата кога вие треба да одите на работа. Па уште и бојкот ќе сте правеле”. Со ова се покажува дека дел од наставниот кадар е дел од ХЕРА, за што тие со душа чекаат да ја спроверат оваа забегана програма за ССО. Кога немаат деца, многу им е лесно да ти попуваат, ама тоа е, кога немаат инстикт за родител, џабе е муабет со нив…”, пишува мајката на групата” Настава и учебници мора да има.

https://www.facebook.com/groups/479418786591247/permalink/530622638137528/

Реакцијата се однесува на следнава изјава на Царовска:

“Училиштето е место каде треба да се развиваат лидерските вештини кај девојките како и кај момчињата. Со новата концепција за основно образование ќе изградиме генерации кои ќе ги почитуваат родовата еднаквост и различностите. Ако ги научиме децата на овие вредности ќе ги поттикнуваме да се борат за своите права, а со тоа да изградат подобро општеството каде никој нема да биде заборавен. Ми беше чест и задоволство да учествувам на глобалниот Самит за лидерство за девојчиња во организација на Здружението „Girl Up“ кое има за цел да ги обедини и зајакне девојчињата и малдите жени од целиот свет да се борат за еднаквост на правата, платите и животниот стандард”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This