МВР нaпpaви “пoпapa”: Вo eдeн дeн зa бpзo вoзeњe kaзнeти 566 вoзaчи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата во текот на вчерашниот ден (19 јануари) на целата територија на државата спровела засилена акциска контрола за санкционирање возачи што возат со преголема брзина.

Од МВР нагласуваат дека ваквиот прекршок е најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици.

Вкупно во акцијата биле санкционирани 566 возачи што возеле со брзина поголема од дозволената.

Од нив, 279 надвор од населено место, а 287 во населено место. 18 возачи возеле со брзина од 70 километри на час над дозволената, а 65 возачи возеле со брзина од 50 километри на час над дозволената.

Од МВР додаваат дека засилените контроли во сообраќајот продолжуваат и во наредните денови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This