April 20, 2024, 12:47 am

МВР работи на откривање на хaкepитe кои вчера го пaднaa сајтот на ДИК

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Покрај падот на сајтот на Државната изборна комисија ДИК и на Тиме.мк, вчера во текот на денот во траење во неколку часа „паднал“ и сајтот на Министерството за внатрешни работи.

Од МВР за МИА информираа дека Секторот за компјутерски криминал работи на откривање на причините за падот на сајтот на полицијата кој вчера бил во прекин неколку часа по што повторно бил активиран.

Денеска пријава до МВР поднела само Државната изборна комисија.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски изјави дека нападот е пријавен во Министерството за внатрешни работи лично до министерот и оти очекуваат припадници на полицијата да дојдат во Комисијата. Како што кажа Деркоски, станува збор за хакерски напад од надвор и оти случајот ќе се испитува.

Хакерска група вчера го хакираше сајтот на агреторот на вести Тајм.мк на кој се појавуваа фотографија на група која себе си се нарекува Анонопсмкд, под мотото „Не простуваме, не забораваме. Очекувајте не“.

-Поминаа уште едни „демократски избори“ и како што може да забележиме истата приказна е секои 3-4 години само што овој пат село гори баба на избори оди. Ама што да правиш кога гласачкото тело е еден огромен паразит што гледа само да цица од државна ци*ка додека е заведено од празните ветувања на сите партии во оваа наша прекрасна држава, пишува во дел од пораката на хакерската група.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This