МВР: 562 граѓани фaтeни без мacка во последните 24 часа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи и понатаму ги презема неопходните мерки и активности кои се однесуваат на почитување на мерките на владата, а се насочени кон справување со пандемијата од коронавирусот, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Во текот на изминатото деноноќие од страна на МВР констатирано е дека:

На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 264 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирани се по едно лице кои не ги почитувале мерките за изолација и за самоизолација.

По однос на уредбата за носење на лична заштита на лицето на целата територија на државата констатирани се вкупно 562 прекршоци, соопшти министерот.

Министерството за внатрешни работи и понатаму ги презема неопходните мерки и активности кои се однесуваат на почитување…

Posted by Наќе Чулев on Saturday, May 30, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This