April 18, 2024, 11:52 am

МЕНЧЕ ТОЧИ МУ ПЛУКНА НА „ЖИВОТОТ“: Дојде животот, да ти се плукнам на животот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во својот најнов Фејсбук пост новинарката Менче Атанасова Точи се осврнува на изјавата на заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски.

Имено нејзиниот статус гласи: „Дојде живот и веќе инсулинот е квалитетен! Без лабораториска потврда!. Дезинформирале новинарите!!! Да ти се плукнам на животот“!

 

По овој статус следуваше у иште еден ФБ статус на Точи каде што во врска со изјавата на заменик министерот пишува дека тоа е дезинформација од новинарите, но сепак тој признава дека се протнувале неквалитетни инсулини на пациентите, а доказ се и коментарите под нејзината објава од многуте граѓани.

 

 

Заменик министерот во својата изјава за медиумите вели дека во минатото се протнувале неквалитететен инсулин кој го примале пациентите.

 

-Сега примаат квалитетни инсулини. Но, работата е во тоа што има и во јавноста и кај новинарите и кај сите некоја дезинформација, а тоа е така затоа што немаме релевантни показатели за квалитетот на инсулинот. Ќе ни дозволите во наредниот период да ги доставиме релевантните показатели од лаборатории. Тоа не значи дека немало проблем, не значи дека не се протнувале и неквалитетни инсулини, но во иднина се надевам дека тоа нема да се случи, изјави Чакаровски.

Инаку во моментов во Македонија околу 190 000 луѓе со дијабетес. Од нив 40.000 се на инсулин, останатите 150 000 примаат таблети. Секој месец по десет возрасни и две деца од 5 до 16 години стануваат дијабетичари. Статистиките се поразителни. Дури 12 одсто од населението има дијабетис.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This