МЕРКЕЛ: “Во март сакаме да ги започнеме преговорите со Македонија и Албанија”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред денешната средба со албанскиот премиер Еди Рама, германската канцеларка Ангела Меркел рече дека би сакала во март да започнат преговорите со Северна Македонија и Албанија.

 

 

 

 

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска соопшти дека во март Германија сака да започнат преговорите со Северна Македонија и Албанија за проширување на Европската унија.

Меркел тоа го изјави пред денешната средба со албанскиот премиер Еди Рама. На средбата се очекува да се дискутира за донаторската конференција посветена на санирање на штетите предизвикани од силниот земјотрес што ја погоди Албанија на 26 ноември 2019 година.

Пред средбата, Меркел рече дека би сакала во март да започнат преговорите со Северна Македонија и Албанија.

– Во име на германската влада сакам да изјавам дека ние се придржуваме до европската перспектива на Албанија и на Западен Балкан. Ние сакаме овие држави да се доближат кон ЕУ, пред се сакаме во март кога е Советот, да ги започнеме преговорите со Албанија и со Северна Македонија. Двете земји постигнаа многу, и на последниот совет зборувавме за ова и се надевам дека во март ќе ги добиеме резултатите кои ги посакуваме. Не е во интерес само на земјите од Западен Балкан, туку е и во наш интерес овие земји да бидат дел од ЕУ. Тој што ја знае општата ситуација знае дека еден ден овие земји ќе бидат дел од ЕУ, изјавил канцеларката Ангела Меркел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This