March 29, 2024, 12:22 am

Меркел: Со ова темпо вакцинацијата против корона ќе трае со години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската комисија веќе го направила техничкиот дел, но ќе треба уште три месеци да се развие таков дигитален сертификат, рече таа.

Тоа може да биде основа за државјаните на трети земји да патуваат во Европската унија, додаде Меркел.

И додека пандемијата на ковид-19 би требало да се повлече до летото, вакцинацијата може да трае подолго поради мутираните соеви на коронавирус.

Државите мора да се подготват за „фактот дека вакцинацијата против вирусот ќе трае уште многу години“, рече Меркел.

Лидерите на 27-те земји-членки дискутирале на виртуелен самит како да се забрза процесот на вакцинација и подобро да се подготват за новите варијанти на коронавирусот, како и сертификатите за вакцинација и едностраните ограничувања на патувањата, преземени од некои земји од страв од мутираните вируси.

И покрај побавната испорака на вакцини, ЕУ сè уште тврди дека целта е да се вакцинираат 70 проценти од возрасната популација до крајот на летото. Досега само 4,2 проценти од Европејците примиле барем една доза на вакцината, а 2 проценти примиле две дози.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This