БАШ МЕ „БРИГА“ – ВО СТРУГА ЌЕ СЕ ГРАДИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

,,Во Струга треба да се гради и ќе се гради, а тоа што зборуваат невладините и екологистите баш ми е гајле” – вака градоначалникот на Струга Рамиз Мерко одговори на прашањето зошто во неговата општина продолжува да се узурпира крајбрежјето и покрај мораториумот за градба, забелешките на Унеско и вонредната состојба.

Ако инспекторите дојдат ние ќе срушиме, но ќе им кажеме дека пак ќе доградиме дециден е Мерко и вели Владата ќе слуша ние што ќе им кажеме оти ние сме локална власт и најдобро знаеме за нашиот град.

Овие изјави струшкиот градоначалник ги даде денеска во присуство на министерот Бектеши кој пак рече дека се прифатливи ако не се косат со законите. Инаку Мерко и понатаму тврди дека во заштитениот појас во Струга нема дивоградби, а тие 262 во регистарот кој го доставил до Владата биле градби во селски средини кои не го загрозувале статусот под Унеско.Ова не е првпат струшкиот градоначалник да негира дека на струшкото крајбрежје псотојано никнуваат дивоградби во првата линија на езерото. Период наназад тој постојано повторува дека Унеско е само проблем на Охрид и дека исклучиво охридската локална власт треба да се погрижи да го реши што пак многу се коси и со извештаите на инспекторите кои годиниве наназад во повеќе наврати алармираа и за значителна узурпација и на струшката страна од Охридското езеро.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This