МЕСИЛА ДОДА ЈА ПРОГЛАСИ МАКЕДОНИЈА ЗА НОН-ГРАТА ДРЖАВА: Останувам со подршка на Албанците од Илирида

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанската пратеничка Месила Дода од партијата ПДИУ која е во коалиција со Социјалистичката партија на Еди Рама, откако пред два дена од партиски собир во Дибер со иредентистички говор кон Македонија, нашата држава ја нарече Илирида и повика за Албанија на 8 – те милиони Албанци денес повторно продолжува со својот иредентизам и шовинизам. Таа овојпат ја прогласи Македонија за нон-грата држава, притоа продолжи да заговара создавање на Илирида.

mesila-1

– Читам низ медиумите дека ФИРОМ побарала јас да се прогласам за персона нон-грата… Никаква загриженост… И за мене е исто толку неприфатлива една држава која нема никаква основа за постоење и единствената заедничка точка на различните етнички заедници ја наоѓа само во соработувањето за злоупотреба на правата на нашите сонародници. Со ова сакам да кажам дека јас би прифатила да одам само во Илирида. ФИРОМ е исто толку нон-грата за мене и престана да егзистира како лабораторија на албанофобијата. Останувам со подршка на Албанците од Илирида- напиша Дода на својот фејсбук профил.

Дода е само еден од редицата албански политичари покрај Еди Рама, Хашим Тачи и други кои се јавија по одлуката на Претседателот Ѓорге Иванов за недавање на мандатот за формирање на Влада на Зоран Заев врз основа на Владина програма која се заснова врз Тиранската платформа креирана во Тирана на 7 Јануари, Божиќ во посредство на албанскиот Премиер.

Според експертите и според граѓаните, со  исполнување на точките од оваа Платформа се загрозува Уставниот поредок на Македонија и длабоко навлегува во редефинирање на државата.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This