April 19, 2024, 10:47 am

МЕСТО БЛАГОСЛОВЕНО ОД БОГА: Надалеку се слуша за прекрасниот манастир во делчевско

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Св. Богородица Балаклија е манастир во близина на Делчево на оддалеченост од 1.5 км од градот, и е еден од најрепрезентативните верски и културни објекти во општина Делчево.

Сместен е во прекрасен природен предел во подножјето на планината Голак покрај регионалниот пат Делчево-Туристички локалитет Голак. Целиот простор е репрезентативно уреден и оплeменет со традиционални градби, патеки, места за одмор, поток, чешма, водопад, летниковци и др. содржини. Повеќе пати во годината овде на ова место се случуваат повеке религиозни, културни и други настани.

Податоци за постоење на Манастирот Света Богородица Балаклија- Источен петок датираат уште од 1915 година. Тогаш манастирот бил граден од плет и кал. Поради таквата градба тој не можел подолги години да опстои, бил cpyшен и на старите темели на 6-ти јуни 1999 година бил обновен со поставување на камен темелник.

На 19.09.1999 година од Неговото Високо Преосвештенство Митрополит Брегалнички Господин Стефан и во сослужение на Митрополитот Агатангел и Митрополитот Наум и повеке свештеници и ѓакони беше осветен манастирот.

Надворешно е фасадиран со бела боја и црвен гитер цигли, покриен со црвени керамиди. Основата на манастирот е во вид на православен крст со едно централно кубе.

Внатре ѕидовите на манастирот целосно се фрескописани од зографот Драган Ристевски од Охрид. Има иконостас направен од дрво и двери на кои е насликано Благовештението на Пресвета Богородица и завеса од Господ Исус Христос а до неа е иконата на Свети Јован Крстител на вратата. Лево е иконата на Света Богородица, а до неа на врататa е иконата на Света Богородица Балаклија- живоносни источник и Храмов празник на манастирот.

Внатре во олтарот има престол околу кој може да се кружи. На престолот има aнтимис, Св. Евангелие на македонски јазик, мал свеќник, еден престолен крст и распетие. Има мал жpтвeник, комплет Св. Саседи и кадилница.

Реконструкцијата и возобновувањето на манастирот целосно завршиле во 2002 година од страна на фондацијата “Благовестие”.

Во 2000 година на празникот на храмот во склоп на целиот комплекс е поставен камен темелник на манастирски конаци кои што се изградени до карабина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This