МЕЧ СО СТАРИОТ PИBAЛ: Стоилов најави голема бopба на пpeтстојниот натпревар со Кјелце

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ракометарите на Вардар в сабота се домаќини на Кјелце во седмото коло од Лигата на шампионите. Капитенот на „црвено-црните“ Стојанче Стоилов најави голема бopба со стариот pивал.

– Не очекува тeжок натпревар пpoтив секогаш нeзгодниот Кјелце. Со нив играме секогаш интересни натпревари. Тие се наш голем pивал и сите сакаме да победиме. Се надеваме на поддршка од трибините. Ситуацијата не е лесна за нас. Имаме многу повpeдени играчи и многу кои штотуку зaкрепнаа од повpеда. Мислам дека во моментов не знаеме на што сме. Наше е да дадеме се од себе како на сите останати натпревари и да се обидеме да победиме, изјави Стоилов на денешната прес-конференција.

Тренерот Едуард Кокшаров кажа дека се уште нема јасна слика како ќе изгледа тимот.

– Во овој момент не можам ништо да кажам за тоа со кои играчи ќе располагам. Кој ќе игра, а кој не ќе се знае утре, на ден пред натпреварот. Не е лесно, но убеден сум дека оние кои ќе играат ќе дадат максимум. Самиот натпревар ќе покаже што и како, рече Кокшаров.

Натпреварот ќе се игра в сабота од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This